Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид не прашува за цена, но се чини дека нивната желба е „невозможна мисија“

Дел од шпанските медиуми објавија дека примарна цел на Реал Мадрид ќе биде Садио Мане од Ливерпул. Наводно „Кралскиот“ клуб не прашува за цена. Сепак, според англиските медиуми, Јурген Клоп не сака да слушне за продажба на овој фудбалер, Мане и Фирмино не се на продажба и порачал на раководствот дека овие двајца не, Мухамед Салах може.

Сенегалецот постигнал 26 голови на 50 мечеви и е еден од најдобрите асистенти во Премиер лигата. Од 2016-та е во Ливерпул, кој го плати 40 милиони евра.