Фудбал
Реал Мадрид подготви примамлива понуда до Ливерпул за Салах
Мохамед Салах вчера повторно ја воодушеви фудбалската јавност со својот настап во дресот на Ливерпул.
„Црвените“ го победија Ватфорд со 4:0 на гости, а Египќанецот постигна фантастичен гол во почетокот на второто полувреме.
Салах во последно време игра во навистина одлична форма бидејќи успеа да постигне барем еден гол на претходните осум натпревари, што е навистина показател за тоа каков мајстор е.
Англиските медиуми утрово објавија дека Салах може да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната и да се одлучи за нов предизвик во кариерата.
Наводно, интерес за Салах покажал Реал Мадрид кој сака да направи нови Галактикоси следното лето предводени од Килијан Мбапе.
На мета на Флорентино Перез е и Салах, за кого веќе подготвија понуда. Според „Мирор“, Реал е подготвен да понуди размена за Салах, во која ќе биде и Еден Азар.
Азар пристигна во Реал од Челзи пред две години како големо засилување, но не се прослави по своите игри, а главно беше надвор од теренот поради повреда.
Салах има договор до летото 2023 година, а во Реал се подготвени да го пуштат Азар во спротивна насока што секако е примамлива понуда за „црвените“. Но, главната цел на Ливерпул во моментов е да започне преговори со Салах за нов договор.
Но, како што стојат работите, сигурно е дека не чека многу возбуда следното лето кога е во прашање преодниот рок.