Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид продолжува да вложува во иднината, купи уште еден талент, не е Бразилец

Како што пренесува шпански „АС“ Реал Мадрид со Малага договорил трансфер на талентираниот напаѓач Уго Ваљехо. Се работи за 19-годишен фудбалер, кој до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Депортиво, а со Реал Мадрид потпиша договор до 2023-та година.

„Кралевите“ продолжуваат да купуваат млади фудбалери. Неодамна го обезбедија потписот на суперталентираниот Жезус од Фламенго, а се „шушка“ дека го договориле и Линколн, играч од нападот на истиот клуб.

Во клубот претходно се талентираните Родриго и Винисијус, а на позајмици се Одегард и Кубо. Јасно е дека Реал Мадрид мисли на иднината.