Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид со 110 милиони евра во „лов“ на најдобриот од Ливерпул

Според пишувањето на шпанскиот весник „Дон Балон“, Реал Мадрид се подготвува за „бомба“. Наводно „Кралевите“ подготвиле 110 милиони евра за ангажман на Вирџил ван Дајк. Дефанзивецот на Ливерпул е во конкуренција за најдобар играч на светот, со години наназад важи за еден од најдобрите штопери, а Реал го сака најдоброто.

Ливерпул е актуелен европски првак, се наоѓаат на врвот на Премиер лигата, не се во криза, и не мораат да ги продаваат најдобрите. Што значи дека ова е тешко остварливо.