Connect with us

Фудбал

Реал славеше и во Лондон со головите на Родриго

Вечерва ги добивме првите полуфиналисти од Лигата на шампионите. Тоа се екипите на Реал Мадрид и Милан.

По победата од 2:0 во Мадрид, Реал со истиот резултат славеше против Челзи и во Лондон.

Стрелец на двата гола на Стемфорд Бриџ беше Бразилецот Родриго во 58. и 80. минута.

Реал Мадрид во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Сити.

Челзи покажа малку повеќе игра во првите 45 минути, но како и обично, голманот на Реал, Тибо Куртоа беше непобедлив. Белгиецот особено се истакна во судиското надополнување на првото полувреме кога на втората статива со одлична реакција го запре ударот на осамениот Марко Кукуреља .

Во тој период од играта прилики имаа и мадриѓаните, особено двајцата Бразилци, во 20. минута Родриго ја погоди пречката од десната страна, додека малку подоцна Винисиус Жуниор задоцни, односно не ја фати добро топката. по центаршутот на Лука Модриќ .

Во вториот дел Челзи тргна во офанзива, но во исто време тоа значеше дека се отвори простор за контранапади на Реал Мадрид. По две добри шанси за домашните и сигурна одбрана на Куртоа, следуваше казна, комбинација на двајцата брзоноги Бразилци Родриго и Винисиус Жуниор и водство од 1:0.

Челзи се обиде барем да израмни, но мрежата на домаќините повторно беше затресена и Родриго повторно беше стрелец. Овојпат најголема работа заврши Уругваецот Валверде , кој ја прими топката од Винисиус Јуниор , го заобиколи ривалот и му „сервираше“ Родриго како на чинија – 0:2.

Тимот на Карло Анчелоти на тој начин ја оправда улогата на фаворит против сините од Лондон, на чија клупа неодамна се врати легендарниот фудбалер на овој клуб Френк Лампард . Тој ги загуби сите четири натпревари од преземањето, вклучувајќи ги и двата против вечерашните ривали (Волвс 0:1, Реал Мадрид 0:2, Брајтон 1:2, Реал Мадрид 0:2).

Вториот полуфиналист, екипата на Милан за ривал ќе го добие градскиот ривал Интер или лисабонска Бенфика.

Првите полуфинални натпревари се закажани за 9 и 10 мај, реваншите една недела подоцна.