Connect with us

Фудбал

Реал тврдеше едно, но всушност се случило нешто сосема друго

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ ова лето најверојатно ќе остане во Реал Мадрид.

Претходните недели се шпекулираше за тоа дека Лука Модриќ ќе биде уште еден играч кој ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Голем интерес за Модриќ покажа Интер, а агентот на хрватскиот фудбалер призна дека и Лука сака кариерата да ја продолжи во Интер.

Меѓутоа, Реал Мадрид не сакаше да продаде еден од најдобрите играч, а на Интер му се заканиа дека ќе ги пријават во ФИФА затоа што контактирале со Модриќ без нивна дозвола. Интер демантираше дека контактирале дирекно со Модриќ и неговиот агент, а во италијанската јавност се појави вест дека всушност Модриќ е тој кој што прв стапил во контакт.

Наводно, ФИФА контактирала со Модриќ после жалбата на Реал, а тој им кажал дека всушност тој контактирал со Интер затоа што сакаше да потпише за овој клуб. Модриќ прво разговарал со соиграчите од репрезентацијата, со Перишиќ, Брозовиќ и Врсаљко кои играат за интер и донесе одлука да им се придружи. Сепак во Реал не сакаат ни да слушнат за неговото заминување.