Connect with us

Други спортови

Реконструкцијата на Ферари започнува со Раиконен

Претседателот на тимот Ферари , Серхио Маркионе, изјави дека тимот може наскоро да го замени својот втор возач Кими Раиконен.

Финецот со 38 години е најстариот возач во Формула 1, а во Ферари се врати во 2014 година, од каде претходно освои и титула со тимот од Маранело.

Фетел останува прворангиран возач на италијанската екипа, но во Ферари очигледно веќе немаат трпение со недоволно мотивираниот Кими Раиконен.