Connect with us

Фудбал

Реми на Шкендија и Работнички

Екипите на Шкендија и Работнички ремизираа 1:1 во првиот четвртфинален натпревар од Купот. На мечот во Тетово први поведоа домаќините преку Жуниор по само осум минути игра, а израмнувањето стигна во 33.минута преку Стојков.

Работнички мечот го заврши со играч помалку откако во судиското продолжение втор жолт картон и исклучување заработи Ерера.

На вториот меч исто така немаше победник помеѓу Струга Трим Љум и Ренова кои одиграа без голови, па патникот во следната рунда, односно полуфиналето ќе биде одлучен во Тетово.

Академија Пандев славеше на гостувањето кај Шкупи со 1:0, па заминува дома со голема предност во пресрет на реваншот.

Попладнево се игра и последнит меч од четвртфиналната пресметка помеѓу Брегалница и Лабуништа.