Connect with us

Кошарка

Рендл е замената за Љуљ во Реал

Американецот Чејсон Рендл ќе биде нов организатор на играта на Реал Мадрид, информира „кралскиот клуб“.

24-годишниот кошаркар доаѓа во Мадрид како замена за повредениот Серхио Љуљ кој ги скина лигаментите на коленото и го очекува подолга пауза од терените.

Рендл пред почетокот на новата сезона водеше преговори со Њујорк Никс, но откако не успеа да се договори со НБА лигашот, одлучи да настапува во Европа.

Минатата сезона играше во развојната лига во САД.