Connect with us

Фудбал

Репрезентативната пауза и создаде проблеми на Тухел

По репрезентативната пауза, европските лиги продолжуваат викендот пред нас.

Клубовите веќе се соочуваат со одредени проблеми по натпреварите со репрезентацијата, а тоа најмногу го почувствува Челзи.

Имено, Тухел нема да може да смета на услугите на Н ‘Голо Канте и Кристијан Пулишиќ на натпреварот против Астон Вила, кои се здобија со полесни повреди во репрезентативните дуели.

Пулишиќ ќе има пауза од десет дена, додека Канте треба да се врати на тренинзите кон средината на следната недела.

Дуелот помеѓу Челзи и Астон Вила е закажан за в сабота, со почеток во 18:30 часот.

По три одиграни кола во Премиер лигата, Челзи има седум бода со гол разлика 6:1, додека Виља собра четири бода со гол разлика 5:4.