Connect with us

Фудбал

Репрезентацијата на Италија има нов грб

Фудбалската федерација на Италија на своите официјални канали го објави новиот амблем, кој ќе го носат нивните репрезентации. Од стариот грб се разликува по поизразените бои на националното знаме, а слоганот гласи: „Создаден со емоции“.

„Подготвени сме за иднината. Денеска го претставуваме новиот грб и новиот идентитет на нашата репрезентација, кои се создадени за да предизвикаат емоции кај нашите навивачи. Овие емоции ни помогнаа да создадеме нов симбол кој ќе биде на нашите дресови , ја подобривме познатата традиција и издадовме нова песна која исто така ќе стане дел од нашиот идентитет“, изјави претседателот на италијанската федерација, Габриеле Гравина.

Новите дресови со новиот грб Италијанците првпат треба да ги облечат во квалификациите за Европското првенство во март, а потоа во јуни годинава кога ќе го играат финалето на Лигата на нации. Актуелните европски шампиони не се пласираа на СП во Катар.