Connect with us

Кошарка

Реванш на Карпош Соколи со Калев на 21.09

Кошаркарите на Карпош Соколи изгореа во желбата да победат во дебито во Лигата на шампионите (ЛШ) на ФИБА поради што претрпеа пораз во денешниот прв меч во пресметката од првото квалификациско коло против Калев (79-87).

„Соколите“ пропуштија голема шанса да дојдат до убедлив триумф со оглед на водството од девет поени во неколку наврати во третиот период. Но, во финишот попушти концентрацијата што резултира со грешки во одбраната и дури 29 примени поени во последната четвртина, што на крајот скапо ги чинеше.

Тадеус Мекфејден со 23 поени беше најпрецизен кај тимот од Карпош, но со лош шут за тројка (1/8). Кире Николовски средбата ја заврши со 16 поени, а Ненад Делиќ реализира 14 поени. Мазеика и Јоесар со 19 односно 18 поени беа најдобри кај Калев.

Веднаш по вечерашниот дуел, двете екипи со ист авион патуваат за Талин каде што задутре ќе биде одигран реванш пресметката од оваа воведна квалификациска рунда.