Фудбал
Рибери јавно се потсмеваше со Златната топка откако му беше доделена на Родри

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери јавно ја исмеа Златната топка по синоќешната церемонија во Париз. Поранешниот француски репрезентативец доделувањето на Златната топка го следеше преку ТВ екран, по што реши да се огласи на Инстаграм.
„Златна топка“, напиша Рибери со неколку емотикони „плаче од смеа“, правејќи ја јавно исмејување на оваа престижна награда. На крајот Родри ја освои Златната топка пред Бразилецот Винисиус, а Рибери очигледно смета дека Бразилецот е „ограбен“ и дека ја заслужил престижната награда.
Според многумина, самиот Рибери требаше да ја освои Златната топка во 2013 година кога заврши на третото место зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Рибери освои се што може да се освои таа сезона во дресот на Баерн, постигна 22 гола со 18 асистенции и ја доби наградата на УЕФА за најдобар играч во Европа, но заврши на третото место во поредокот на Златната топка.