Connect with us

Други спортови

Рикардо најбрз на првиот тренинг во Монте Карло

Двајцата возачи на Ред Бул, Даниел Ричиардо и Макс Верстапен, денеска доминираа на првата тренинг – сесија во Монте Карло.

Пред нас е една од најинтересните трка во шампионатот на Формула 1, онаа улица која се вози во Монте Карло, и Ред Бул на првиот тренинг покажа дека на нив мора сериозно да се внимава.

Рикардо најбрз круг го заврши за време од 1:12.126, а него тимскиот колега Верстапен се најде зад него со постигнато време од 1:12.180. Трето место му припадна на Фетел, по што следеа Хамилтон и Раиконен. Вториот тренинг е закажана за денес во 15 часот.

Луис Хамилтон е лидер во целокупниот поредок со 95 поени, додека зад него е Себастијан Фетел со 17 поени помалку. Третото место го држи Ботас, додека четвртиот е Раиконен.