Connect with us

Други спортови

Рикардо шампион во престигнувања за 2017-та

Австралиецот Даниел Рикардо е пилот кој направи најголем дел од престигнувањата оваа сезона во Формула 1.

Според статистичките податоци објавени од „Пирели“, Рикардо направил 43 престигнувања од вкупните 435 во целата сезона.

Во 2016 година, вкупниот број престигнувања беше 866. Двојното намалување за една година е потврда за лошите технички карактеристики на болидите.

Светскиот шампион Луис Хамилтон и Макс Верстапен само два пати во текот на годината ја изгубија својата позиција при маневри на ривалите.

Рангирањето на „Пирели“ не вклучува промени во позициите на болидите кои се резултат на оштетување, запирање во бокс или престигнување поради прекршување правила.