Connect with us

Фудбал

Ристовски за теренот по победата: Ова е под нивото на професионалниот фудбал

Во деветтото коло од Суперспорт ХНЛ, Динамо на гости го победи Вараждин со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Хуан Кордоба. По првата четвртина од првенството, избраниците на тренерот Ненад Бјелица имаат 19 бода, колку и Риека, додека Хајдук е лидер со два бода повеќе.

Дефанзивецот на Динамо, македонецот Стефан Ристовски даде изјава за официјалната страна на клубот по натпреварот во Вараждин.

„Би рекол шест поени со оглед на условите. Навистина, ова е под секое ниво на професионален фудбал. Мислам дека не би зборувал премногу за тие услови. Мило ми е што победивме и тоа е најважно денес“.