Connect with us

Фудбал

Ривалдо: Кога ќе видам кој ја носи „десетката“ ми се плаче

Легендата на бразилскиот фудбал Ривалдо се огласи за бразилските медиуми по поразот на Бразил од Аргентина во пријателски меч со 1:0.

Некогашниот фудбалер на Барселона и Милан, но и освојувач на светското првенство со Бразил, изјави дека дресот на „Кариоките“ е претежок. Односно, тој смета дека Лукаш Пакета се уште не е доволно силен да го носи дресот со бројот 10.

-Го гледав натпреварот и водов дека десетката му е доделена на Пакета. Тој дрес го носи најдобриот играч. Ценет е и почитуван во целиот свет, не е за некој кој има споредна улога, кој седи на клупата. Познат е поради Пеле, Ривели, Зико, Ривалдо, Кака, Роналдињо, Нејмар, вели Ривалдо.3

Тој го обвини селекторот Тите и неговиот стручен штаб за ова. Како што вели, не е Пакета виновен, но тој е млад и треба да биде заштитен, а не да се дава дополнителен притисок врз него.