Фудбал
Робен најави крај на својата репрезентативна кариера
Арјен Робен кој одигра феноменален натпревар против Шведска и постигна два гола за Холандија до победа 2:0, искусниот фудбалер со измешани емоции даде најава за крај на својата репрезентативна кариера.
Одличниот крилен напаѓач не го сокри своето разочарување што нема да може да настапи на уште едно СП, но посебно заклучи дека е горд на сето она што го оствари во портокаловиот дрес во измитатите 14 години.
Размислував за ова веќе долго време. Многу сум горд и почестен за сите одиграни шест завршни турнири. Најубавите моменти ги доживеав на Светските првенства во 2010 и 2014 година, турнири на кои бевме феноменален тим и феноменална група на фудбалери. Всушност, има многу убави години, 14 години се многу долг временски период. Секако дека горчината е тука после денешниот расплет, болката е присутна, но спортот е таков, – истакнал Робен.
Човекот од стакло издржа најмногу од сите, – завршил Робен алудирајќи на тоа дека остана најдолго во селекцијата од неговата генерација на фудбалери и покрај прекарот кој го доби поради чесите повреди.