Connect with us

Фудбал

Роберто Манчини направи „страшна“ Италија

Репрезентацијата на Италија синоќа во Палермо ја совлада Ерменија со 9:1 во последниот натпревар од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020.

За тимот предводен од селекторот Роберто Манчини, оваа победа 11. Последователна победа, 10 во квалификациите, и една во пријателски натпревар.

На синоќешниот натпревар со многу леснотија „Аѕурите“ ја прегазија Ерменија. Имобиле (2), Заниоло (2), Барела, Ромањоли, Жоржињо, Орсолини и Киеза беа стрелци на головите.

Роберто Манчини успеа да направи „срашна“ Италија, која потсетува на некои дамнешни времиња кога за оваа селекција играа Дел Пјеро, Канаваро, Баџо, Пирло, Малдини, и другите големи италијански имиња.

Овие квалификации Италија ги помина со перфектен учинок, 10 меча, исто толку победи, со гол разлика 37 постигнати и само 4 примени голови.

Во другите средби на групата Ј, Грција ја совлада Финска со резултат 2:1, додека Босна и Херцеговина го совлада Лихтенштајн со 3:0.

Италија и Финска од порано изборија пласман на ЕУРО 2020.