Фудбал
Родри ја освои Златната топка, никој од Реал Мадрид не присуствуваше

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри е освојувач на Златната топка. Тројца фудбалери на Реал Мадрид беа во големото финале, Карвахал, Белингам и Винисиус, но никој од Кралскиот клуб не беше присутен на церемонијата иако се прогласени за тим на годината.
Родри со Сити ја освои Премиер лигата, а со Шпанија го освои ЕП.
Тој стана првиот Шпанец оф 1960-та година кој ја освоил Златната топка. Таа година ја освои Луис Суарез фудбалер на Барселона.
Родри воедно е првиот играч од средниот ред по 2018-та и Лука Модриќ, кој ја освоил Златната топка.