Connect with us

Фудбал

Родригез двоен стрелец, четири од четири за Евертон

Ливерпул, 3 октомври 2020 (МИА) – Хамес Родригез беше двоен стрелец на денешниот дуел во Ливерпул на кој Евертон го совлада Брајтон со 4:2.

За „карамелите“ ова е четврти триумф во четвртиот настап оваа сезона.

Покрај Хамес, во листата на стрелците за домаќините се запишаа Јери Мина и Доминик Калверт-Лоин.

Евертон е лидер на табелата со максимални 12 бода.

На другиот денешен дуел завршен досега, Челзи го победи Кристал Палас со 4:0.

Вечер играат:
Лидс – Манчестер сити и
Њукасл – Барнли. зс/