Connect with us

Други спортови

Ролан Гарос: Машките полуфиналиња на Шатрие!

Денес ќе бидат одиграни двете полуфиналиња на машкиот сингл на Ролан Гарос, одлучиле водечките луѓе на вториот Грен слем во сезоната. Програмата ќе започне во 12:50 часот, додека двете полуфиналиња во женска конкуренција се играат од 11. часот.

За да и двете полуфиналиња се одиграат во текот на денешниот ден, организаторите на Ролан Гарос првиот полуфинален меч го ставиле во 12:50 часот, кога на теренот ќе излезат Роџер Федерер и Рафаел Надал. Веднаш по завршувањето на тој дуел на теренот ќе излезат учесниците на второто полуфинале. Во тој дуел ќе играат победниците на дуелите Новак Ѓоковиќ – Александер Зверев и Доминик Тим – Харен Качанов.

Како што е познато победници се Ѓоковиќ и Тим па тие ќе се сретнат во второто полуфинале.
Кога станува збор за женските полуфиналиња и двете ќе се играат во исто време. Во 11. часот на теренот Сузан Леглен дуелот ќе го почнат Барти и Анисимова, а на Симон Матју кој собира 5.000 луѓе ќе играат Конта и Вдорушова.