Connect with us

Фудбал

Рома е многу блиску до потпишување на играчот од средниот ред од ПСЖ

Италијанска Рома е на прагот да го комплетира трансферот на играчот за врска Ренато Санчез од Пари Сен Жермен . Раководствата на двата клуба постигнале договор за позајмица во Рома на 25-годишниот Португалец, кој веќе разговарал со селекторот Жозе Мурињо, пишува италијанското издание Газета дело Спорт.

Трансферот на Ренато Санчез се очекува да биде финализиран во наредните денови, а фудбалерот е убеден во проектот на клубот од Рим. Добрите односи меѓу сопственикот на Рома Ден Фридкин и претседателот на францускиот гигант Насер Ал-Хелаифи беа клучни за спроведувањето на зделката.