Фудбал
Рома го губи трпението со Милик, „планот Б“ е подготвен
Рома бара замена за Един Џеко.
Напаѓачот веќе долго време се поврзува со трансфер во Јувентус, но трансферот сè уште не е комплетиран бидејќи се чека ситуацијата помеѓу Аркадиуш Милик и Наполи.
Иако сè е договорено, Наполи сепак има свои барања до полскиот напаѓач. Засега, тоа ја попречува целата работа и Рома полека го губи трпението, па „Волчицата“ малку го врти погледот и кон другите фудбалери.
Доколку наскоро не се реши сè со Милик, управата на римскиот тим ќе се сврти кон напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, и тој сега е „планот Б“ тимот од „Олимпико“.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одлучи да го ослободи Јовиќ за да ја бара својата среќа на друго место. Кралевите би го испратиле на позајмица, а Рома ќе се обиде да го донесе во своите редови доколку не успее планот со Милик.
Најголемата жртва на големото одолговлекување на Милик и Наполи е Един Џеко и секако сите се надеваме дека сè ќе заврши наскоро, и дека конечно ќе дојде до трансфер.