Connect with us

Фудбал

Рома хендикепирана пред дербито со Интер

Следното коло во Серие А започнува во петок во терминот 20:45 и тоа со дерби натпревар. Интер ја пречекува Рома, а двете екипи се во одлична форма.

Сепак, тренерот на тимот од Рим, Фонсека има проблеми. Един Џеко вчера не тренирал со останатиот дел од екипата, а како што пишува „Калчиомеркато“ неизвесен е неговиот настап.

Надвор од строј се Клајверт, Пасторе, како и Спинацола и Кристанте, кои подолго време се на листата на повредени.

Најверојатно шанса ќе добие Калиниќ, а можно е и Заниоло, некогашен талент на Интер, да игра „лажна деветка“.