Connect with us

Фудбал

Рома му нуди размена на Милан

За нешто повеќе од две недели  и официјално ќе биде отворен преодниот рок. Многу клубови се обидуваат и претходно да ги обезбедат планираните засилувања.

Па така, според медиумите од Италија, Рома веќе подолго време го следи играчот на Милан Чалханоглу, меѓутоа финансирањето им е проблем. Поради тоа на „Росонерите“ им нудат размена. Пероти би тргнал кон „Сан Сиро“, а турскиот фудбалер во обратна насока.

Останува да се види дали „Росонерите“ ќе прифатат вакво нешто.