Connect with us

Фудбал

Рома најде решение за Лукаку и Мартинез, Интер прв пат сезонава не постига гол

Интер ја надигра Рома на „Џузепе Меаца“, но не успеа да ја совлада. Натпреварот заврши онака како што започна, без голови. Лутаро Мартинез и Ромелу Лукаку имаа неколку добри шанси за гол кои не ги искористија.

Интер во моментов има два бода предност во однос на второпласираниот Јувентус, кој има натпревар помалку оној со Лацио. Овој натпревар е второ дерби во ова коло, а се игра утре вечер.

На актуелниот шампион воопшто нема да му биде лесно на гостувањето во Рим, ако се знае дека Лацио е во одлична форма од  шест победи во низа.