Фудбал
Рома веќе размислува за купување на Лукаку, тоа ќе биде можно само под еден услов
Рома ја искористи ситуацијата на Ромелу Лукаку и успеа да го ангажира на позајмица во финишот на преодниот рок.
Иако се уште е рано да се каже, се чини дека Лукаку е вистинскиот за нападот на Џалороси.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Рома се уште размислува да ја искористи клаузулата и трајно да потпише со Лукаку.
Во договорот меѓу Рома и Челзи има клаузула дека италијанскиот клуб може да го купи Лукаку за 37 милиони евра.
Таа сума ќе можат да си ја дозволат само доколку се пласираат во Лигата на шампионите.