Connect with us

Фудбал

Рома загуби, Мурињо доби црвен, го спречија физички да се пресмета со судијата (ВИДЕО)

Рома загуби на домашен терен од Аталанта со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Скалвини во 35-та минута. Рома беше подобар противник имаше многу шанси, но не успеа да постигне гол. Во вториот дел, поточно во 56-та минута Мурињо заработи црвен картон поради бурната реакција кон судијата, бидејќи неговиот тим не доби пенал.

Мурињо сметаше дека треба да има најстрога казна, додека судијата не, па неговата реакција беше бурна. Дури неговите помошници и официјалните лица го спречија физички да се пресмета со судијата бидејќи неколку пати тргна кон него бесен како рис.

Аталанта со оваа победа изби на челната позиција на табелата со 17 бодови, додека Рома остана на шестото место со 13 бодови.