Фудбал
Роналдо бесен го напушти теренот, лут на судијата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкотска и Португалија ги поделија бодовите во Глазгов во 4. коло од Лигата на нации играјќи натпревар без голови, а во центарот на вниманието беше капитенот на гостите Кристијано Роналдо. Имено, се играа четири минути надополнување, а потоа Португалецот требаше да има корнер, но судијата означи крај на играта. Ова крајно ја налути најголемата португалска ѕвезда Роналдо.
Ronaldo is the biggest baby 🤣🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/sfCYp5TWt0
— Don Mazzelini (@mazzelini) October 15, 2024
Капитенот на Португалија правеше разни гестови кон судијата, му аплаудираше, беше изненаден… Очекувано, неговата реакција предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а нервозата ја покажа неколку минути претходно кога упадна во корнер.