Поврзи се со нас

Фудбал

Роналдо е повреден или не? Има најави дека ќе игра во дресот на Португалија

Кристијано Роналдо ќе игра во дресот на Португалија. Дали на 11-ти против Андора, или на 14-ти односно 17-ти со Хрватска или Франција, не е познато, но „Кориере дело Спорт“ тврди дека тој ќе настапи за својата селеција.

Роналдо се повреди на мечот со Лацио (1:1), веднаш беше изваден од игра, а повредата ја потврди и тренерот на Јувентус, Андреа Пирло веднаш по мечот. Сепак, не се знаеше за каква повреда станува збор, но како што стојат работите не е ништо сериозно.

Лекарскиот тим на Португалија ќе направи детални анализи, па останува да се види дали Роналдо ќе биде стартер или ќе одигра неколку минути. Против Андора веројатно нема да се ризикува.

 

loading...

Facebook