Connect with us

Фудбал

Роналдо извика „Јас сум најдобар“, па се посрамоти како никогаш досега: Цел свет му се смее, погледнете го овој слободен удар!!

Кристијано Роналдо продолжува да изведува слободни удари и спектакуларно ги промашува! Португалскиот ветеран не дозволува никој да го преземе изведувањето на прекините, а почесто неговите удари завршуваат високо над гредата. Сега тоа се случи во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија во натпреварот против Ал Тавун. Навивачите на социјалните мрежи го „распнаа“ Роналдо кој пред да изведе слободен удар си рече „Јас сум најдобар“, а потоа ја испрати топката во небото под облаците! Погледнете го овој обид на Кристијано Роналдо:


Сепак, на крајот неговиот тим успеа да победи со 2:0, а Кристијано успеа да постигне гол во 23-та последователна сениорска сезона. По асистенција за Јахија за 1:0 во осмата минута, тој во 57. минута постигна гол за 2:0 и со тој резултат заврши натпреварот. Во финалето Кристијано Роналдо ќе се сретне со Ал Халал.