Connect with us

Фудбал

Роналдо ќе ја освои „Златната топка“?!

Екипа на „Франс фудбал“ била во Торино, снимила интервју со Кристијано Роналдо, а тоа беше доволен мотив „Кориере дело Спорт“ да објави дека Португалецот годинава ќе ја добие „Златната топка“.

Во трката останаа тројца, Лионел Меси, Ван Дајк и Кристијано Роналдо. „Кориере дело Спорт“ тврди дека се погласни се шпекулациите дека тоа ќе биде Португалецот, иако Ван Дајк досега бил фаворит.

Токму Роналдо, но и Лионел Меси имаат најмногу вакви признанија. Пет пати двајцата ја добиле „Златната топка“ која ја доделува „Франс фудбал“ за најдобар играч.