Connect with us

Тајмаут

Роналдо: Мојата и ерата на Меси само што почнала

Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо по свечената церемонија на која го доби престижното признание на ФИФА за фудбалер на 2017 година, изјави дека е подготвен уште долго време да игра на високо ниво.

Запрашан дали времето на Меси и Роналдо е завршено, Португалецот на новинарите им одговори во свој стил.

– Не само што не е завршена нашата ера, туку таа е се уште на почеток. Јас сум многу смирен, физички се чувствувам одлично. Не знам за иднината, но во овој прекрасен момент уживам.

Роналдо додаде дека тој не се натпреварува со Меси за наградите туку игра колку што може подобро со цел да помогне на клубот кон остварување на целите.