Connect with us

Фудбал

Роналдо му носи три важни бода на Реал Мадрид

Локалното мадридско дерби меѓу Гетафе и Реал го доби „Кралскиот тим“ благодарение на голот на Роналдо на пет минути пред крајот.

На средбата од 8. коло во шпанската Примера одигран попладнево, Реал како гостин го победи Гетафе со 2-1.

Реал прв дојде до предност со голот на Карим Бензема во 39. минута. По единаесет минути игра во второто полувреме (56), Хорхе Молина постигна гол за израмнување. Во продолжението Реал вршеше континуиран притисок кон голот на домаќините, кој конечно резултираше со погодок во 85. минута кога Кристијано Роналдо ги постави конечните 2-1.

Ова беше вториот натпревар од денешната програма во Примера. Во првиот Атлетик Билбао ја победи второ пласираната Севилја со 1-0.

Вечерва се играат уште две средби. Алавес го пречекува Реал Сосиедад, додека во 20часот и 45 минути е закажано дербито во Мадрид меѓу Атлетико и Барселона.