Поврзи се со нас

Фудбал

Роналдо повторно позитивен на Ковид 19, нема да има дуел со Меси?!

Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо, доби уште еден позитивен тест. Иако поминаа десетина дена откако се покажа позитивен, сепак најновото тестирање покажало дека се уште го има вирусот во себе. Нема симптоми, добро се чувствува, но ќе мора да остане во изолација.

Ова значи дека Роналдо нема да настапи викендов против Верона, а најверојатно поради периодот на изолација, доколку се разбира не се смени нешто, нема да игра ниту на мечот со Барселона во ЛШ закажан за 28-ми октомври. Ова значи дека навивачите нема да гледаат нов дуел помеѓу Роналдо и Меси.

 

loading...

Facebook