Connect with us

Фудбал

Роналдо со хет-трик обезбеди финале за Португалија во Лигата на Нации

Кристијано Роналдо одигра фантастичен меч за Португалија, па постигна хет-трик во победата од 3-1 против Швајцарија во полуфиналето на Лигата на нации.

Роналдо по само 25 минути игра во првото полувреме го матираше голманот на Швајцарија со феноменален шут од слободен удар.

Швајцарија се врати во мечот преку пеналот во 57. минута, откако Рикардо Родригез израмни на 1-1.

Во финишот на второто полувреме, Роналдо ја врати предност на Португалија, откако погоди за 2-1, по што Швајцарците тргнаа по израмнувачки гол, но не успеаа во својата намера.

Во следниот напад на Португалците, Роналдо со својот трет погодок ја „нокаутираше“ Швајцарија и обезбеди финале за неговата репрезентација во Лигата на Нации, кадешто ќе игра против подобриот од мечот меѓу Холандија и Англија.

Извор: Sport1.mk