Connect with us

SPORTM.mk

Момчето кое го удрил Кристијано Роналдо имало аутизам, ќе биде покрената истрага (ВИДЕО)

По мечот и поразот од Евертон се чини дека Кристијано Роналдо ги загубил нервите. На патот ко соблекувалната удрил момче, кое подоцна се покажа дека има аутизам. Се појавија и снимки, како го удира, но за среќа само по раката. Фотографии од раката на момчето покажуваат дека ударот воопшто не бил наивен, а колку бил силен ударот се слуша и на видеото.

Мајката на детето чиј телефон скрши налудничавиот Португалец вчера објасни дека неговото дете има аутизам и дека само сакал да го сними Роналдо.

„На крајот на натпреварот, сите играчи излегуваа од теренот, а ние бевме веднаш покра тунелот. Мојот син сакаше да ги сними сите, а потоа малку го спушти телефонот да го сними Роналдо кога тој помина покрај него. Овој реагираше на ужасен начин и му го изби телефонот од раце и го скрши. На неговата рака уште се гледа модринка која покажува колку силно го удрил.

Плачев и бев потресена по сето тоа, а Џејкоб е во шок. Тој е аутистичен, има диспраксија, првпат дојде на натпревар и ова му се случи. Повеќе не сака да оди на фудбал“, изјави Сара Кели за Ливерпул Ехо.

Роналдо синоќа се извини за својата ужасна постапка, но прашање е дали тоа може да го надоместо шокот што го преживеа навивачот на Евертон.