Connect with us

Тајмаут

Роналдо втор пат по ред фудбалер на годината според ФИФА

Ѕвездата на Реал Мадрид и Португалија ја освои престижната награда на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2017 година.

Роналдо оваа награда ја доби пред Лео Меси и Нејмар кои собраа помалку гласови од португалскиот фудбалер.

„Благодарам што гласавте за мене, сметам дека и Меси и Нејмар заслужуваат да се на моето место. Ова е голем момент за мене, втор пат по ред да ја освојам оваа награда. Им благодарам на сите фанови во светот. Премногу сум среќен, ви благодарам, имајте добра вечер“ – изјави Роналдо.