Connect with us

Фудбал

Румениге: Хајнкес е способен да одговори на предизвиците во Баерн

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека е убеден во способноста на Јуп Хајнкес соодветно да одговори на предизвиците во тимот.

-Јуп успеа да направи спријатели куче и мачка. Тој што го може тоа, може и да го предводи Баерн. Убеден сум дека тој може да се справи со своите задачи во тимот, рече Румениге.

Според некои аналитичари, четири и пол годишниот пензионер повеќе не е во потребниот ритам за да води клуб од ранг на Баерн.