Connect with us

Фудбал

Руни ги разочара навивачите на Манчестер – Нама да навива за Јунајтед во ЛШ

Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Евертон, Вејн Руни откри за кој клуб ќе навива во Лигата на шампионите оваа година.

Иако долго време беше член на „Црвените ѓаволи“ кои и оваа година ќе имаа високи цели во нај елитното европско, клупско натпреварување, Руни сепак нема да навива за нив, туку за Јувентус.

Причината е неговиот некогашен соиграч Кристијано Роналдо.

„Тој во Јувентус ќе го прави тоа што го правеше пред 10 години, ќе постигнува голови“, започна Руни во изјавата за „CNN“, па продолжи:

„Би сакал Јувентус да ја освои Лигата на шампионите поради фактот дека Роналдо отиде таму. Тој како личност е многу фино момче, работи напорно и семејството е секогаш е покрај него, а тоа е навистина убаво за гледање. Тој напорно работи и го заслужи сето она што го постигна“, порача Руни.