Connect with us

Фудбал

Русија исфрлена од квалификациите за ЕУРО 2024

По одлуката да и биде забрането учество на Светското првенство во Катар годинава, Русија е исфрлена и од квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

УЕФА денеска потврди дека „зборнаја“ нема да биде на ждрепката за Европското првенство во Германија, која ќе се одржи на 9 октомври во Франкфурт.

Русите веќе се исфрлени од Лигата на нации, а нивните клубови добија забрана за настап во европските натпреварувања.

Причината за ваквата одлука е добро позната. Се разбира, тоа се руско-украински конфликти во Украина.

По повод оваа одлука, Фудбалската федерација на Русија објави кратко соопштение.

„Руската репрезентација нема да учествува во ждрепката за квалификациската фаза на ЕУРО 2024. Причината за ова е февруарската одлука на УЕФА да го суспендира учеството на руските тимови и клубови во натпреварувањата под капата на таа организација до понатамошно известување. “