Connect with us

Други спортови

Русинка отрула противничка на турнир, камерите снимиле се (ВИДЕО)

Шахистката Амина Абакарова се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на турнирот во Дагестан, пишува The Mirror. Имено, Русинката истурила жива од термометарот на шаховската табла и на масата со шаховски фигури, а не долго откако Османова седнала на маса, почувствувала мачнина и вртоглавица и на крајот колабирала.

На местото на настанот и била укажана помош, па завршила во болница, а британските медиуми пишуваат дека за среќа нејзиниот живот не е во опасност. Главниот мотив за нападот е наводно лично непријателство кое трае веќе подолго време, а Абакарова ја обвини и Османова дека се однесува навредливо кон неа и кон нејзиното семејство.
Инаку, Абакарова доби доживотна забрана за учество на шаховски турнири, и се заканува губење на работата и затворска казна до три години.