Поврзи се со нас

Фудбал

Садио Мане повторно покажа дека скромноста е неговата најголема особина, го средна другарот од детството

Садио Мане веќе извесно време е еден од најдобрите фудбалери во светот. Игра одлично во дресот на Ливерпул, заработува многу пари, меѓутоа скромноста е неговата главна особина.

Во текот на репрезентативната пауза, Сенегалецот со својата репрезентација гостување во Гвинеја, каде сосема случајно сретна пријател од детството, кој се вика Соло.

Соло во моментов работи како полицаец и со Мане се сретна по цели 17 години, бидејќи како деца, заедно играле фудбал.

Полицаецот на Мане му ја покажал заедничката фотографија, а ѕвездата на Ливерпул потоа побарала телефон од Соло за да останат во контакт за да може да го угости на „Енфилд Роуд“.

-Конечно ги замолкнав луѓето кои ме нарекува лажго кога им кажував дека се знам со Мане, изјави Соло.

 

loading...

Facebook