Connect with us

Фудбал

„Сакам тимови во црвени дресови“, шеик „тежок“ 335 милијарди долари купува италијански клуб

Катарскиот тајкун Амад Бин Али Ал Тани изјави дека планира да купи фудбалски клуб од Серие А. Неговото богатство се проценува на неверојатни 335 милијарди долари.

-Се надевам дека многу брзо ќе купам италијански тим. Ми се допаѓаат тимовите кои играат во црвен дрес, изјавил Амад Бин Ал Тани.

Изјавата на катарскиот тајкун ги воодушеви фановите на Милан, кои се надеваат дека токму тоа е клубот кој тој ќе го купи. Милан во моментов е во сопствеништво на американскиот „Елиот менаџмент“ кој го презема клубот минатата година, откако поранешните кинески сопственици доживеаја банкрот.

Инаку, Амад Бин Ал Атани е сопственик на катарскиот клуб Ал-Рајан, чии дресови имаат црвено-црни линии, па поради тоа шпекулациите дека ќе го купи Милан уште повеќе се зголемија.