Фудбал
Салах кариерата може да ја продолжи во Реал, за него заинтересиран и ПСЖ
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах може да го смени клубот. За 28-годишниот Египќанец се заинтересирани Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер сити, објави новинарот Екрем Конур на Твитер.
Ливерпул е подготвен да размисли за продажба на играчот. Во исто време, англискиот клуб ќе ја избере најпрофитабилната понуда од финансиска гледна точка.
Самиот Салах е наклонет кон преселба во Реал. Тоа им го соопшти на своите блиски пријатели.
Фудбалерот ги брани клупските боите на Ливерпул од 2017 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 120 милиони евра.
Оваа сезона во Премиер лигата Салах одигра 13 натпревари, постигна 13 погодоци и три асистенции.