Connect with us

Фудбал

Салах станува третиот најскап трансфер? Ал Итихад не се откажува од него

АЛ Итихад е подготвен да го тестира тврдењето на Ливерпул дека Мо Салах не е на продажба. Тоа ќе го направат со понуда вредна меѓу 135 и 140 милиони евра. Доколку е тоа така и доколку Ливерпул ја прифати понудата, трансферот на египетскиот напаѓач ќе стане трет најскап во историјата.

Клубот од Саудиска Арабија испрати свои луѓе во Европа за да се обидат да договорат неколку зделки. Салах е само еден од нив, но и најпознатото име кое го посакува богатиот клуб. Претходно беше објавено дека Ал Итихад му понудил 200 милиони евра годишна плата.

Египќанецот се уште не одлучил дали ќе ја прифати понудата, но се пишуваше и дека сака да го напушти Ливерпул, а Саудиска Арабија му одговара поради јазикот и тоа што таму доминантна религија е исламот. Ал Итихад веќе донесе еден играч од Ливерпул – Бразилецот Фабињо. Таму главна ѕвезда е Карим Бензема, а го доведоа и Канте од Челзи.

Салах е под договор со Ливерпул со кој беше англиски и европски шампион до летото 2025. На 308 натпревари за него постигна 187 и асистираше на 81 гол.

Најскапите фудбалски трансфери според Трансфермаркт:
1. Нејмар (од Барселона во ПСЖ), 2017, 222 милиони евра
2. Килијан Мбапе (од Монако во ПСЖ), 2018, 180 милиони евра
3. Филипе Кутињо (од Ливерпул во Барселона), 2018, 135 милиони евра
Осман Деммунд во Барселона (од Др. ), 2017 135 милиони евра
4. Жоао Феликс (од Бенфика во Атлетико), 2019 година, 127,2 милиони евра
5. Енцо Фернандез (од Бенфика во Челзи), 2023, 121 милиони евра