Connect with us

Фудбал

Салцбург ќе биде „растурен“ од големите клубови, Ливерпул го договори првото засилување

Салцбург во вторникот не успеа да направи чудо и да го победи европскиот првак, па да обезбеди пласман во осминафиналето во ЛШ. Но, ги освои срцата на љубителите на фудбалот. Освен тоа, го привлече вниманието на големите клубови.

Најбаран е Ерлинг Халанд, но и Такуми Минамино, за кого се интересира Ливерпул. Според информациите токму тој ќе биде првото јануарско засилување за „црвените“.

Неговата откупна клаузула е „само“ 8,5 милиони евра, па во зимскиот преоден рок Ливерпул планира да ја активира.

Минамино има 24 години, оваа сезона на 22 настапи за Салцбург постигна девет голови и 11 асистенции.