Фудбал
Само четворица од Баерн со поддршка за Анчелоти
Само четворица фудбалери на Баерн Минхен ги искористија социјалните мрежи за да покажат почит кон тренерот Карло Анчелоти кој пред два дена доби отказ од раководство на германскиот шампион.
Четворицата кои му искажаа поддршка и благодарност на Анчелоти за досегашната соработка се странци: Роберт Левандовски, Хавиер Мартинез, Артуро Видал и Тиаго Алкантара.
Очекувано, меѓу нив не е ниту еден од петмината – Ариен Робен, Франк Рибери, Томас Милер, Матс Хумелс и Жером Боатенг, за кои се зборува дека биле неговите главни критичари и заговорници за неговата смена.