Connect with us

Фудбал

Само Гвардиола успеал да го налути докторот, деталите излегоа на површина!

Тој веќе еднашка беше на чекор да замине од Баерн Минхен и тоа во ерата на Пеп Гвардиола, а сето тоа се случило во 2015-та година, по големата кавга помеѓу нив двајца.

-Кога ќе погледнам со своите 40 години поминати во Баерн, среќен сум и задоволен. Искуството кое го стекнав тука, успехот и славата, како и пред се луѓето кои ги запознав имаа влијание на мојот цел живот, вели Милер Вулхлфарт.

Само една личност успеала да го налути овој доктор, а тоа беше Шпанецот, Пеп Гвардиола во времето додека беше тренер на Баерн Минхен.

-Прв пат по долго време поминато тука, викав како луд. Седнавме на голема маса, каде што фудбалерите доручкуваа. Садовите се уште беа тука. Се чинеше дека ќе биде дебата, но беше ужасно. Ги загубив нервите, викав на Гвардиола, на крајот удрив со тупаница на масата, така што чиниите летеа низ просторот, вели докторот на Баерн.

Набрзо потоа Милер, како и уште три доктори одлучиле да заминат од Баерн, а тоа што ова се случувало по мечот во Лигата на шампионите против Порто. Баерн тогаш загуби со 1:3, а повредени беа Швајнштајгер, Бенатиа, Рибери, Робен, Хави Мартинез и Давид Алабам.

-Не обвинуваше дека бевме виновни за поразот од Порто. Зборуваше дека имаше премногу повредени играчи, дека не биле во добра состојба, па одлуивме да заминеме, заврши Милер Вулхлфарт.